Најавениот прекин на испораките на гас од Азербејџан за Србија нема да се случи, објави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. Во објава на својот профил на Икс, Вучиќ информира дека бил известен од властите во Азербејџан дека и покрај објективните пречки, нема да прекине испораката на гас за Србија.
„Нашите браќа и пријатели од Азербејџан тукушто ме информираа дека, без оглед на објективни проблеми предизвикани од виша сила, нема да има прекин на гасот за Србија. Бескрајна благодарност до Азербејџан и претседателот Илхам Алиев, кого со нетрпение го очекувам наскоро во Белград“,пишува Вучиќ во објавата на Икс.





