Вучиќ го нагости Доналд Трамп Јуниор – со прасе

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера организираше вечера за синот на претседателот на САД, Доналд Трамп Помладиот, кој престојува во Белград на  состанок со српските бизнисмени.



Ова е втора негова посета во последните месец и пол. Трамп Јуниор престојуваше во Белград од 11 март, кога го интервјуираше претседателот Вучиќ за својот подкаст.

Тој е претприемач и извршен потпретседател на „Организацијата Трамп“ пренесува Танјуг.

За вечерата Вучиќ објави на социјалните мрежи

„Многу странци, со право, велат дека сум тежок човек и дека не е лесно да се разговара со мене, но уште никој не кажал дека сме негостољубиви“, наведе Вучиќ на профилот на Интаграграм buducnostsrbijeav

Тој додаде дека на Трамп Јуниор му подготвиле прасе, бидејќи „глупаво би било да му нудиме шкампи и орада“.