Вучиќ: Без договор со Приштина, нема ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ЕУ нема да дозволи Србија да стане полноправна членка на Унијата без правно обврзувачки документ на крајот од процесот за нормализирање на односите со Приштина.



„Треба да ја нормализирате ситуацијата, како што тие тоа го велат“, рече Вучиќ, додавајќи дека без оглед на толкувањето, тоа е она што ЕУ го очекува.

Тој објасни дека „тоа не е признавање (на Косово), никој тоа не го кажува.

Тие зборуваат меѓу редови, но не на овој начин, но тоа е она што можам да ви кажам сега “, изјави претседателот за новинарите во Аранѓеловац.