Вучичевиќ: Сакаат да ја отцепат Војводина од Србија

Ова го тврди српскиот премиер во заминување, Милош Вучевиќ, според кој „брановите на протести се можност за опозицијата која сака на маса да ги стави плановите на за отцепување на Војводина“



Вучевиќ за ТВ Пинк изјави дека „тоа прашање не се појави одеднаш“ и дека оние кои сонуваат за тоа и кои политички се борат за такво сценарио виделе можност по трагедијата од 1 ноември минатата година.

„Брановите протести се можност да се стават овие ‘проекти’ на маса. Тоа нема никаква врска со трагедијата“ пренесе Индекс.хр.

(Тоа) не го ставаат во преден план, туку многу лукаво и опасно го завиткуваат во целокупното барање“, рече Вучевиќ, обвинувајќи некои опозициски политичари и активисти дека планираат отцепување.

Тој посочи дека се подготвува „истото сценарио како што се подготвуваче во Црна Гора и другите делови на поранешна СФРЈ“, пренесуваат српските медиуми.

По масовните протести поради смртта на 15 лица при уривање на настрешницата на реновираната станица во Нови Сад, Вучевиќ на 28 јануари поднесе оставка.

Војводина е автономна покраина во северна Србија со нешто помалку од два милиони жители.

Ова е етнички најразновидниот дел на Србија, каде живеат околу 30 етнички групи.