„Не треба да се срамиме од повиците УЧК, УЧК, бидејќи да не беше УЧК, Македонија немаше да постои, немаше да биде тоа што е денес!“ – изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, одговорајќи на прашањето да ги искоментира овациите со НОВ, кои се слушнаа синоќа на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
ТВ 21 ја цитира изјавата на Ахмети, дадена во овој контекст: „Повиците УЧК, УЧК беа природни, бидејќи без УЧК Македонија немаше да биде она што е денес и немаше да постои. Националната ослободителна војска – УЧК го промени правниот статус на Албанците во Македонија, но и на другите заедници, кои беа присутни таму.“ – рече Ахмети, додавајќи дека промената на статусот за доброто на другите заедници е причината, поради која денес Турците, Ромите и Бошњаците му се приклучија на Европскиот фронт.“





