Врховниот суд најверојатно утре ќе расправа по жалбите за притвор во предметите на СЈО, соопштија од судот. Од Врховниот суд наведуваат и дека седницата на советот ќе биде затворена за јавност.



Тројцата обвинети во случаите “Таргет” и “Тврдина”, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски се жалат на одлуката на Апелационот суд, кој по барање на СЈО им определи мерка притвор. Апелациониот суд на 17. јули ја уважи жалбата на СЈО, и ги преиначи првостепените решенија на Кривичниот суд.