Време е да запре стравот од пушката на Ахмети потпрена на рамото на многубројни квинслинзи, бара скопски адвокат

Да запре стравот од пушката на Ахмети потпрена на рамото на многубројни квинслинзи, бара скопскиот адвокат Јанаки Митровски кој е револтиран од заканите од лидерот на ДУИ.



Ахмети вчера се закани дека ако Македонците не соработуваат со Албанците може да ги снема.

,,Ахмети по којзнае кој пат се заканува. Ако Македонците не соработувале со Албанците( под Албанци мисли строго на ДУИ, другите изгледа се помалку Албанци) ќе исчезнале.
Пет века турско, па српско, па бугарско не го уништиле овој народ.

Време е да престанеме да живееме во страв од пушката на Али Ахмети потпре на на рамото на многубројни квинслинзи”, пишува Митровски за лидерот на ДУИ и неговите следбеници.