Опозициска коалиција на партиите на етничките Албанци ВРЕДИ, во соопштение обвини дека Зијадин Села одамна бил договорен да служи исклучиво на интересите на Али Ахмети и затоа го направи расколот во Алијанса на Албанците.



Од ВРЕДИ велат дека Села и министерот за правда Кренар Лога смислиле евтино алиби со чекањето на одлуката околу тоа чии се пачатите на АА со што одат против интересите на сите Албанци во Македонија.

Села ќе ја предводи листата на ДУИ во ИЕ 5 за да стане пратеник

„Арбен Таравари јавно ѝ ги понуди печатите на Алијанса на Албанците ако навистина се определени за самостоен настап на изборите.

Зијадин Села не се изјаснува за оваа понуда бидејќи ние знаеме дека одамна е договорен да служи исклучиво на интересите на Али Ахмети. Затоа и го направи расколот во АА.

Искрено жалиме што Села и Лога ги ставија личните пред интересите на Албанците кои јасно и недвосмислено се определени да ја испратат ДУИ во опозиција.

Има време до сабота, ако случајно се премислат, ќе ги добијат печатите на АА за пратенички листи за самостоен настап“, се вели во соопштението.