Очекуваме поддршка од ДУИ за Африм Гаши да биде избран за претседател на Собранието, изјави пред почетокот на конститутивната седница на Собранието, Ријад Шаќири. од Коалицијата ВРЕДИ, пренесе Либертас



„ Природата на нештата покажа дека опозицијата секогаш гласала против изборите на мнозинството. Но, во случајов, кога ние како Алијанса бевме дел од Собранието, кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, ние дадовме поддршка, затоа што се работеше за претседател на Собрание, прв пат Албанец, и очекуваме од нивна страна да има таква поддршка“, рече Шаќири.

Претходно, Елми Азири од Европски фронт, не одговори дали ќе го поддржат Гаши туку дека допрва треба да одлучат.

„Сега ќе се сретнеме со пратеничката група и ќе заземеме став, рече Азири како што пренесува Либертас. ..