Вреди: Обвинителството да ги испита злоупотребите на Шкодран Толај, директорот на Ансамблот на албански ора и личен пејач на Ахмети!

„Од албанската коалиција Вреди обвинуваат дека ДУИ и нејзините сателити постојано ја понижуваат албанската култура. Најновиот пример за ова понижување е Ансамблот на албански песни и ора во Македонија со директорот на оваа институција Шкодран Толај, кому единствено достигнување во кариерата му е тоа што е личен пејач на Али Ахмети.“ – обвинува коалицијата Вреди во своето соопштение, кое го пренесе ТВ 21 под наслов „Вреди: ДУИ и нејзините сателити ја уништија албанската култура“.



„Сведоштвата на вработените во Ансамблот за албански песни и ора се скандалозни и ужасни. Коалицијата Вреди ги поздравува храброста и смелоста на овие вработени, кои јавно ги открија ‘гревовите’ на пејачот на Али Ахмети Шкодран Толај. Оваа личност, Наместо да се занимава со напредокот на културата, тој се занимавал со се’ друго, само не со својата првична должност, што е белег за партијата, која ја водеше владата веќе 22 години со непрофесионални кадри. Наместо да го реши статусот на вработените, тој избра да ги остави во неизвесност и да ги деградира, покажувајќи ароганција и немање одговорност.“ – наведува албанската коалиција Вреди, која е дел од Владата на Република Македонија.

Натаму коалицијата вреди посочува во своето соопштение: „Како дел од Владата остро ги осудуваме постапките на директорот на Ансамблот на албански песни и ора Шкодран Толај. Тој имаше можност да го реши статусот на уметниците, но одлучи да го следи истиот пат на неспособноста и негрижата, како и секоја друга институција управувана од ДУИ и нејзините сателити. Ги повикуваме и јавниот обвинител да влезе во оваа институција и да испита дали има уште поголеми злоупотреби во неговото работење.“

„ДУИ и нејзините сателити ја покажаа својата неспособност за управување со јавните институции и за служење на граѓаните. Освен за криминал и корупција, тие не покажаа вештини во ниедна друга област, донесувајќи голема штета на нашето општество. Коалицијата Вреди се залага да го следи оваа прашање до неговото целосно решавање и да осигура дека правдата ќе биде задоволена. Ние сме посветени на заштитата на нашата албанска култура и наследство и да се осигуриме дека нашите уметници ќе ги добијат поддршката и почитта што ја заслужуваат.“ – завршува коалицијата Вреди во своето соопштение.