„Рамиз Мерко од ‘црната листа’ се претвори во клуч на судбината на стружани. Но, Албанците и стружани нема да ѝ дозволат на една непожелна личност – ‘персона нон грата’ од ‘црната листа’ да одредува кој ќе раководи со општина Струга.“ – реагираше коалицијата Вреди на веста на ТВ 21 за средбата меѓу Али Ахмети и сегашниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко во врска со локалните избори. Ова се наведува во соопштението на Вреди, кое го пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Во соопштението на Вреди натаму се истакнува: Зијадин Села заедно со неговиот шеф Али Ахмети мора да ја разберат пораката од граѓаните дека мора да останат во опозиција и да се реформираат. Народот го кажа својот збор на денот на изборите и има доверба во коалицијата Вреди. Од ДУИ можат секој ден да се среќаваат со непожелни личности и со други луѓе заглавени во криминал и корупција, но не можат да ги убедат граѓаните дека тие се најдоброто решение. Коалицијата Вреди има подобри кандидати кој да биде градоначалник на Струга, бидејќи смета дека Струга и стружани заслужуваат подобро и повеќе, отколку што е еден човек кој е на црната листа, извалкан со калта на криминалот и корупцијата. Гласот на Албанците сега е коалицијата Вреди.
Непожелните луѓе од ДУИ заедно со другите патерици од така наречениот Европски фронт ѝ припаѓаат на историјата. ДУИ мораат да се реформираат, за да излезат на локалните избори. Старата песна на уцени и влевање страв кај граѓаните им припаѓаат на минатото. Стружани знаат да судат и ќе им го зададат последниот удар на оние, што им ја газат честа. Средбата со Али Ахмети докажува дека во моментот кога Села веќе нема да му биде корисен, ќе биде игнориран и презрен.
Тоа што Рамиз Мерко, меѓународно дискредитирана личност, диктира кој ќе биде кандидат за градоначалник на Струга, покажува дека Ахмети одбрал да го слуша него, а не Села, кој теоретски требаше да биде важен глас во овој процес.Но ова потврдува дека Села е патерица на Ахмети и ништо повеќе. Ахмети го искористи Села како алатка за создавање фасада на соработка меѓу Албанците. Но сега кога се ближат локалните избори и се игра вистинската опозициска игра, Села веќе нема никаква тежина. Тој е истрошена политичка личност, кој се продаде како опозициски лидер, но на крајот испадна само привремена поддршка за Ахмети. Ахмети без никакво двоумење сега го откачи Села!





