Вреди: На „црната листа“ е и корумпираната ДУИ, не само Груби и Мерко, таа не може да се доближи до оградите на амбасадите!

„Вечерните соништа не можат да се сметаат како утринска реалност. ДУИ сега како најпротивевропска и најпротивмериканска партија, партнер на Левица во опозиција, Собранието, општините и секаде на друго место, не може да ни ја продаде оваа магла. ДУИ е прогласена како ‘непожелна партија’ – ‘партија нон грата’ со американски печат. Сега сите информации, кои се испраќаат до амбасадите, се прават само преку дигитална комуникација, бидејќи ДУИ не може да се доближи ниту до оградите на странските амбасади од пријателските сојузнички држави на нашата земја!“ – истакнува коалицијата вреди во своето соопштение.

Натаму Вреди наведува: ДУИ, со Артан Груби, Рамиз Мерко и низа дискредитирани личности, нема кредибилитет да зборува за националните интереси. Партијата, потопена во коруптивни афери, и со претставници вклучени во американските „црни листи“. не може да тврди дека го информира меѓународниот чинител. Тие може да поднесуваат извештај до Кремљ, но не и до САД и нашите стратегиски партнери, кои се свесни за злоупотребите и лошото управување на ДУИ.

Целосно неуспешен пристап од самиот почеток. Не можат да бидат амнестирани за нивните дела додека се жалат кон партиите на власт. Улогата на опозицијата во демократските држави е да ја критикува власта да ја исправи. Но, ова правило важи кога зборуваме за политички партии во целосна смисла на зборот, а не за ДУИ, која е застарен клуб, кој служел во интерес на збогатување на нивните семејства, им обезбедувал луксузен живот на нивните внуци додека народот се соочувал со неправда и крајна сиромаштија.

ДУИ заврши во контаминирана каста со одговорните, кои ја узурпираа секоја функција и секоја институција. Најголемата трагедија денес е што ДУИ до вчера беше со врзани очи и неми кога Албанците бараа правда за наместени случаи, Албанците бараа вработување, Албанците бараа достоинствено претставување. Но, ДУИ не го направи ова, затоа и денеска е во опозиција. Ние сме на власт да не ги правиме истите грешки и да направиме најдобро за Албанците. Бидејќи овој народ заслужува повеќе и подобро, ова може да го понуди само најголемата албанска коалиција Вреди.“ – се изнесува во реакцијата на Вреди.