„ДУИ ја обвинува владата дека ја заробува државата, реагира Вреди: Повикајте го Артан од ‘Црната листа’ како експерт за ‘ослобување’ на државата!“ – објави ТВ 21.
Телевизијата го пренесува соопштението на коалицијата Вреди: ДУИ, „непожелната партија“ – „партијата нон грата“, која во текот на 20 години го претвори во уметност заробувањето на државата, сега се претставува како моралистичка партија, која ја сака правдата?! Ова е најголемиот апсурд на деценијата! Станува збор за партија, која го претвори судството во своја филијала, каде што одлуките не се донесувааа во судниците, туку во партиските канцеларии. И сега овие „професори за корупција“ ја обвинуваат владата дека ја заробува државата!
Заробувањето на државата се појави како концепт во извештајот на Прибе, за да се опише владеењето на Груевски и Ахмети, кое протера илјадници Албанци од земјата, со многубројни наместени политички случаи и неправди. За заробувањето на правдата од нивна страна може да посведочиме со имиња – Џелал Бајрами, Барлет Џафери, синот на Талат Џафери, Иџет Мемети и многу други.
Како може обвинителството на Ислам Абази да даде мислење став за ослободување на осудените за 27 април и во исто време „непожелната партија“ ДУИ да не обвинува за заробување на државата?! Со кого си прават црн хумор овие?
Затоа, предлагаме „непожелната партија“ ДУИ да го повикаат најновиот жител на „црната листа“ Артан Груби како „експерт“ за ослободување на државата.
„Непожелната партија“ ДУИ не е научена на добро владеење, затоа толку лошо го доживуваат зборот „промена“. Вие, кои што ја носите врз своите плеќи трагедијата на Модуларнат, кои што ги засрамивте Албанците! „Непожелна партија“ нема што да ѝ понуди на албанската политичка сцена, освен црнила и деструктивна политика. Вие сте дел од црната историја на Албанците.
„Непожелната партија“ ДУИ освен во конкуренцијата за криминал во ништо друго не може да конкурира за првото место. Коалицијата Вреди стави до знаење дека нема да има компромис со оние, кои се вмешани во корупција и и кои 20 години по ред им нанесуваат штета на Албанците“.





