Вреди: Ајдуците од ДУИ го испокрадоа немилосрдно државниот буџет и го оставија во катастрофална состојба

„На вчерашната владина седница, на која на дневен ред беше преиспитувањето на буџетот и, меѓу другото, беа обезбедени 100 милиони евра за општините и за зголемувањето на пензиите за 2.500 денари веднаш и уште 2.500 денари следната година, коалицијата Вреди ја докажува својата посветеност кон граѓаните. Вреди констатира дека претходната влада и министерот за финансии Фатмир Бесими од ДУИ го оставија буџетот во катастрофална состојба. ДУИ го испокраде немилосрдно државниот буџет.“ – наведува оваа коалиција во своето соопштение, кое го пренесува ТВ Алсат.

Вреди натаму посочува: Владеењето на ДУИ повеќе од 20 години ги остави без ронка надеж граѓаните, особено албанските населби, од каде што има егзодус на млади Албанци. Покрај тоа што е позната по ајдуклакот, ДУИ искажуваше и нетранспарентност и одговорност, уривајќи ја довербата на граѓаните во јавните институции.

Според Вреди, државниот буџет е во алармантна состојба и додека беше ДУИ во владата со него се управувало на катастрофален начин, оставајќи ја потоа земјата во многу тешка финансиска ситуација.

Се случуваше отворен непотизам: именувањата, што ги направија тие за време на своето владеење беа врвот на културата на непотизмот. Ги полнеа клучните позиции со позиции, на кои првата работ им беше директор. Принцип на ДУИ беше: добар Албанец е само оној Албанец, кој е близок и верен на таа партија. – наведува коалицијата Вреди во своето соопштение.