Вреди: Ахмети и ДУИ го доживуваат политичкиот крај! ДУИ оди кон бездната, нема да ја спасат ниту пазарењата со Таравари!

Али Ахмети и ДУИ го доживуваат својот политички крај! ДУИ оди кон бездната, најновите пазарења повеќе нема вооопшто да ја спасат!“ – порачува Вреди во своето соопштение, кое го пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



Вреди нагласува: „Откако ги уништи сите столбови на довербата на Албанците со корупција, заробување на државата и пазарење со моќта, денес тој се обидува по секоја цена да се спаси, дури и користејќи го како помошна алатка секој поединец, кој отстапил од патот на промените. Ова е најновиот чин на политиката, која две децении ги држи Албанците како заложници со празни ветувања, додека зад сцената дејствуваат црни листи, досиеја, уцени и темни служби на Соравија. Власта на Ахмети е изградена врз закани, страв и манипулации, а денес се урива под сопствената тежина.“ нагласува Вреди.

Понатаму се наведува во соопштението дека „во оваа мизерна шема, употребата на Арбен Таравари е само најнов обид за создавање чадна завеса, заради одвлекување на вниманието од падот на ДУИ и тешките одговорности, што ги сноси нејзиниот лидер“.

„Промената е веќе во тек и нема враќање назад. Ниту старите сценарија, ниту тајните договори нема да можат да ја сопрат волјата на граѓаните за достоинство, правда и чесно претставување. Ги покануваме сите активисти, симпатизери и разочарани гласачи на Алијансата за Албанците, кои се чувствуваат предадени, да ѝ се придружат на Вреди! Оваа битка не е за фуннцкии, туку за луѓе. Времето на Али Ахмети заврши, промените се помоќни од кога било.“ – посочува Вреди.

Според Вреди, „Таравари избра да стане дел од овој план, но тој не е ниту донесувач на одлуки ниту централна личност, туку е само алатка фрлена на масата на една очајна политика“. „Но, Албанците повеќе не се залажуваат. Тие знаат кој им ја ограби надежта, кој го осквернави зборот ‘патриотизам’. претворајќи го во штит за корупција, и кој денес би направил сè само за да ја  избегне одговорноста. Вреди е тука, за да гарантира дека тој ден ќе дојде.“ – завршува Вреди во своето денешно соопштение.