Од Али Ахмети веќе ништо не зависи. Авторитетот на Али Ахмети е уништен по скандалите поврзани со Артан Груби. По сите овие настани тој веќе нема можност да наметнува никакви решенија, ниту да ги консолидира редовите, бидејќи веќе никој не верува дека наскоро ќе се врати на власт.“ – вели коалицијата Вреди во својата реакција, која ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Актуале“.
Вреди натаму наведува: Очајот отиде дотаму што предизвика инаетење дури и кон американската администрација, држејќи ги блиску и оправдувајќи го однесувањето на кадрите на ДУИ, кои се на црната листа. На сценариото за бојкот и плановите за предизвикување инциденти на денот на изборите им претходеше внатрешен раскол во фронтот на ДУИ.
Затоа, наместо да ѝ го пренасочува вниманието на јавноста со лажна загриженост за албанскиот јазик, ДУИ треба да одговори: дали Ахмети му рекол на Села дека не може да се откаже од услугите на Рамиз Мерко? Дали е вистина дека Артан Груби стои зад Рамиз Мерко, поради нивните меѓусебни пазарења? Дали е вистина дека Зијадин Села се заканил дека ќе ги бојкотира локалните избори во Струга, ако Рамиз Мерко не биде исклучен од ДУИ?
Одговорите на овие прашања ќе го потврдат тоа што Вреди го кажува: зад обидот за предизвикување политичка криза се крие стравот од загуба, поради внатрешните судири, чија цел е заштита на поранешните корумпирани функционери на ДУИ и нивните блиски соработници. Сценариото за бојкот нема никаква врска со таканаречената „деалбанизација“, за која ДУИ измамува. Албанскиот народ ја сфати оваа политичка измама и жестоко ќе го казни ова предавство на претстојните избори. – реагира Вреди.





