Ова се вели во писмото од колеги-вработени во Клиниката за Токсикологија откако Министерството за здравство на Фејсбук сподели документ во кој има сериозни обвинувања за доктор Нико Беќаровски дека наводно ги навредувал вработените по национална основа.
Тие со потпишана изјава ги демантираат наводите на колегите Албанци кои имаат истечени договори и не се повеќе вработени на Клиниката дека Беќаровски упатувал навреди кон Албанците.
Реакција претходно денеска следуваше и од докторот Беќаровски, кој побара извинување од министерот Илир Демири за објавата.
Во писмото, вработените уште велат:
„Доктор Нико Беќаровски е врвен професиналец кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение по национална основа“.
