Вработените во УСАИД добија наредба да уништуваат документи

На вработените во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) им билонаредено да ги уништат и запалат доверливите документи и досиејата на персоналот.



Барањето испратено преки и-мејл предизвика вознемиреност меѓу вработените поради кое се случува во период на распуштање на агенцијата.

Материјалите кои се означени за уништување вклучуваат содржина на „класифицирани сефови и документи на персоналот“ на агенцијата во зградата „Роналд Реган“, се наведува во електронската порака што ја испратила в.д. извршната директорка на УСАИД, Ерика Кар, во која имаше увид  „Политико“.

„Најпрво, исецкајте што повеќе документи, а резервните ќесички за спалување сочувајте ги ако сечилото се расипе или ако му треба пауза“, се наведува во е-маилот.

Причините за уништувањето на документи не се наведени. Зградата се празни по масовните отпуштања што можеби ги наруши рутинските распореди за уништување на документи. Царинската и гранична заштита планира да се пресели во просториите на УСАИД, бидејќи минатиот месец изнајми 390.000 метри квадратни канцелариски простор во објектот.

Со порака за уништување на документи се нагласува и хаотичниот начин на администрацијата на Трамп за распуштање на агенцијата која некогаш управуваше со буџет од 40 милијарди долари и имаше околу 10.000 вработени ширум светот.

Американската асоцијација за надворешни работи (АFSA), синдикат што го претставува персоналот на УСАИД, е „вознемирен“ од извештаите и предупреди дека таквите документи „може да се релевантни за тековните судски спорови поврзани со отпуштање на вработени во УСАИД и прекин на финансирањето на програмите на УСАИД#.

Администрацијата на Трамп се соочува со повеќе тужби за рasformiraweto на УСАИД, што започна веднаш откако Трамп ја презеде функцијата во јануари.

Синдикатите и другите групи го доведуваат во прашање овластувањето на администрацијата да ја затвори агенцијата и да ги замрзне средствата овластени од американскиот Конгрес.