Во Јуни девизните резерви повисоки за 8,2 % од лани во истото време

„Бруто девизни резерви“ кои што ги контролира Народната Банка на Македонија во Јуни биле за 8,2 % повисоки од истиот период лани објавува британската агенција „BNE InteliNews“ која што ги анализира економските и финансиските трендови во светот.



Бруто девизните резерви на Македонија, на крајот на јуни изнесувале околу 2 милијарди и 400 милионни евра

Во март изнесуваа 2,068 милијарди евра и забележаа раст од 8,8 отсто во однос на истиот месец лани, кога нивниот износ беше 1,9 милијарди евра. Во јануари тие изнесуваа 2,067 милијарди евра.

Во девизните резерви најголемо учество имаат хартиите од вредност, чиј износ на крајот од март беше 1,54 милијарди евра, потоа монетарното злато во износ од 271,5 милиони евра, а на трето место се валутите и депозитите во износ од 256 милиони евра.