Во земјата на Галските петли одново познат фудбалер бил мета на криминалци кои го уценувале, во овој случај Луивин Курѕава од ПСЖ. Тие обезбедиле видео снимка од некој бар во Париз на која левиот бек на „Светците“ зборува критички за селекторот на Французите Дидие Дешамп. Криминалците се обиделе да изнудат 200 илјади евра, но Курѕава целиот настан го пријавил во полиција и во тек е истрага.



Нешто слично, пред неколку години, му се случи и на сегашниот член на Фенербахче, Матју Валбуена додека играше во Олимпик Марсеј, а во скандалот беа вклучени и неколку негови соиграчи од француската репрезентација.