Со палење големи коледарски огнови, кои горат до доцна во ноќта, со песна, оро, грееана ракија и вино започнуваат вечерва бичаите за Коледе-Бадник.
Традицијата продолжува и денеска, на многу локации во Скопје, но и во внатрешноста. Оваа традиција е вековна, организирана од народот и за која постојат спротивставени ставови. Дел ја сметаат како паганска, а дел како верски обичај кој треба да продолжи да се негува.
Црквата смета дека обичајот е пагански и нема поврзаност со христијанството. Манифестацијата редовно се одржува и покрај апелите секоја година таа да биде поретка поради големото загадување кое е карактеристично за овој период.
И покрај редовните апели, да се донираат огревните дрва на сиромашни семејства и да се спречи уште поголемо аерозагадување, сепак на многу локации со песна, оро, вино и погача граѓаните се собираат.
Златев за бадникарските огнови: Народни традиции во развојот на малигните заболувања





