Локални жители тврдат дека успеале да снимат „чудовиште“ во Преспанско Езеро, кое наликувало на славната Неси од езерото Лох Нес во Шкотска.
https://youtu.be/MOygSpctvoo
На снимката се гледа, како што се тврди, главата и вратот на големо суштество што се појавува од водата.
Се тврди дека снимката се совпаѓа со уште една направена пред пет години од грчкиот дел од Преспанско езеро, снимена во близина на селото Нивица.
Група новинари, како што пишува британскиот „Сан“, предводени од пензионираниот професор по географија Симе Јоноски тргнале во потрага по „чудовиште“ во областана туристичко место Претор, но не открија ништо.
Многу локални жители веруваат во легендата за чудовиштето на езерото – но други се сигурни дека тоа е само голем сом.
Јоноски, инаку првиот човек кој го препливал езерото во 1970 година, е скептик:
„Се сеќавам кога еден брод потона во Албанија, во близина на Малиград, многу деца се удавија во Преспанското Езеро.Тогаш нуркачите што ги бараа настраданите виделе големи сом. Беа толку исплашени што го запреа потрагата.
Мислам дека тоа беше еден од оние сомови што забележале и грчките рибари “, вели Јоновски и додава дека понекогаш во Преспанското Езеро се случуваат работи што не се случуваат во други езера.
Десно: силуетата на Неси, чудовиштето од Лох Нес, на снимка за која подоцна се откри дека е лажна
Покрај легендарниот Неси, постојат легенди за чудовишта кои живеат во бројни езера ширум светот, вклучувајќи го и Мораг во Лох Морар, Шкотска, Црвот Лагарфлот на Исланд; Огопого во Канада и Лариосауро, во езерото Комо, Италија, пишува британски „Сан“.






