Во последните 3 месеци лани над 600 разводи

Во последниот квартал од 2024 година биле регистрирани 601 развод, што е зголемување од 23,9% во споредба со истиот период претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.



Истовремено, бројот на склучени бракови се намалил за 14,7%, односно биле регистрирани 2.430 бракови.

Според социолошките анализи, една од главните причини за зголемениот број разводи е избрзаното стапување во брак, без доволно запознавање меѓу партнерите. Недостатокот на комуникација, различните животни вредности, како и финансиските проблеми, исто така, играат значајна улога во распадот на брачните заедници. Дополнително, социолошките фактори, како што се мешањето на семејствата во брачниот живот или неможноста на младите парови да живеат самостојно, често предизвикуваат тензии што водат кон разделба…