Натпреварите од четвртиот круг во групите Е, Ф, Г и Ха во најквалитетното клупско фудбалско натпреварување во Европа, во Лигата на шампионите и денеска сигурно ќе промовираат нови екипи кои ќе играат во елиминациското осминафинале по нова година. Тоа сигурно нема да се случи во петтата конкуренција бидејќи Севиља која има 4 бода го дочекува Спартак Москва кој поседува само бод повеќе, а Ливерпул кој има исто колку Русите игра со Марибор кој теоретски се уште има шанси. Во шестиот состав има дерби Наполи-Манчестер Сити, а Шахтјор го дочекува Феенорд, но иако Англичаните имаат три од три овде борбата може допрва да претстои затоа што и Украинците и Италијанците се во игра. Во седмата група Бешикташ се соочува дома со Монако и е во идеална позиција да си обезбеди зима во Лигата на шампионите, а за тоа на Турците им треба победа. Во другиот дуел Порто му е домаќин на Лајпциг во директен меч за второто место. И конечно во собирот 8 вечерва големо дерби на Тотенхем и Реал Мадрид кои се напред и уште меч на Борусија и Апоел во кој Германците ќе бркаат теорија. Средбата во Истанбул е од 18 часот, а сите други се во редовниот термин од 20.45.





