Меѓу дваесет и шесте повредени во нередите и големата „тепачка“ што се случи на фудбалското дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда има и еден македонски државјанин за кој не е соопштена ни идентификација ниту начинот на кој бил инволвиран во инцидентот кој го вознемири Балканот. Покрај Македонецот има и по еден повреден Грк, Русин, Бугарин и големо изненадување, еден Хрват кој минал најлошо. Имено Анте Фириќ (на сликата) добил нож в грб, но не е во животна опасност. За него се верува дека бил во групата која нападнала и предизвикала да дојде го нередите од кои токму неговата дружина била и најжестоко тепана, па беше извлечена од жандармеријата од трибината и заврши „соголена“ на терен.
Непотврдено во инцидентот учествувале подгрупите на партизановите Гробари, „Алкатраз“, „Вандал бојс“ и „Јанг бојс“ кои биле претставувани од членови од Белград, Бања Лука, Ниш.