Според прелиминарните резултати од истражувањето на проектот ИНФОРМ кој го опфаќа Западниот Балкан, Македонија е на врвот на листата со држави каде што граѓаните бараат партиски и политички врски за да завршат некоја потреба.
Дури 14 % од испитаниците во Македонија побарале помош од партиски претставник или влијателен познаник за да му помогне при барање работа или вршење на други услуги.
Зад нас во оваа категорија е Црна Гора, по што следуваат Босна, Косово, Србија и Албанија.

Во категоријата корупција за време на избори Македонија е најдемократска земја од регионот. На прашањето дали некогаш ви било понудено пари или услуга во замена за вашиот глас на избори само 7,4 % од македонските граѓани одговориле потврдно.
Најлоша е состојбата во Црна Гора и Албанија каде што дури 22,5 и 20,6 проценти од испитаниците потврдиле дека овие две земји се со високо ниво на изборна корупција.

Проектот ИНФОРМ здружува тимови од 9 европски земји кои што вршат мултидисциплинарни социјални научни истражувања за формалните и неформалните институции на Балканот. Започнал до март лани а ќе трае до 2020 година.
Резултатите од проектот кој ја истражува политиката, економијата и секојденевниот живот, како и влијанието на овие процеси на спроведувањето на ЕУ правилата и регулатива.





