Фrancija денеска гласа за првиот круг од парламентарните избори кои би можеле да ги потресат Европската унија и НАТО, но и да имаат огромни последици за Украина во екот на војната со Русија.
Екстремната десница има пристојни шанси да формира влада во нуклеарно вооружената членка на Советот за безбедност на ОН, која игра голема улога во глобалната безбедност од Северен Атлантик до Пацифик.
Истата екстремна десница е скептична за вмешаноста на Франција и во ЕУ и во НАТО. Промената на наративот на Франција значително ќе ги ослабне ЕУ и НАТО.
Но, останува нејасно дали партијата ќе обезбеди апсолутно мнозинство, a конениот резултат ќе се знае на 7-ми јули.
Избирачките места се отворени во 8 часот, а право на глас имаат 49,3 милиони луѓе.
Гласањето започна вчера во прекуокеанските територии на земјата.
Жителите на малиот француски архипелаг Сен Пјер и Микелон, во близина на брегот на Канада, први гласаа во првиот круг од изборите. Вчера гласаа и француските карипски острови и јужноамериканската територија Француска Гвајана како и во пацифичката територија на Нова Каледонија.
Макрон ги свика предвремените избори откако екстремно десничарскиот Национален собир (RN) на Марин Ле Пен постигна големи успеси на изборите за Европскиот парламент претходно овој месец.
Национален собир води во предизборните анкети и пред новата левичарска алијанса, Новиот народен фронт (НПФ), неодамна основана за да се натпреварува на изборите.
Центристичката Ренесанса е на третото место.
Останува непознаница дали партијата на Марин Ле Пен може да освои апсолутно мнозинство, односно 289 места во Националното собрание.
Најновата анкета на Ifop во средата покажа дека Национален собир и нејзините сојузници ќе освојат меѓу 220 и 260 пратенички места.
Ле Пен е убедена дека нејзината партија ќе освои апсолутно мнозинство во парламентот, ќе формира влада и ќе наметне ограничувања на претседателот Макрон во однос на Украина.
Во Собранието влегуваат кандидатите кои ќе освојат апсолутно мнозинство во првиот круг, но во повеќето изборни единици победникот ќе се знае дури по вториот круг на 7 јули.
Вториот и последен мандат на Макрон завршува во 2027 година, а тој останува претседател без оглед на изборните резултати, но можеби ќе треба да ја дели власта со противниците. Остриот пад на поддршката за Ренесансата сигурно ќе ја ограничи нејзината ефикасност.
Марин Ле Пен важи за сериозен противник на следните претседателски избори.






