Во Кичево се одржа најголемата „Бадникова Поворка 2025“, дечињата во еден глас го најавија Христовото раѓање!

Со многу радост, насмевки, возбудливи стихови пеејќи ја најубавата божикна песна „Вечниот Бог“ денес најмилите дечиња со ѕвезди во рачиња го најавија Христовото раѓање – Божиќ низ кичевските улици. И оваа година благодарение на својот ментор Бошко Сарафилоски и родителите кои неуморно беа ангажирани, со поддршка од кичевското свештенство и нас, се реализираше традиционалната „Бадникова Поворка“ во Кичево.