Во каква „мисија“ „влегол“ Ахмети и каква „Албанија“ да прави, која ги има како „цел Косово“ и „статусот на Албанците“ во РМ?!

„Ве повикувам сите вас да ни се приближите, бидејќи нашата платформа не е обична, туку е мисија: јас влегов да ја правам Албанија! Првично нашата стремеж беше Косово, а потоа го променивме и правниот статус на Албанците во Македонија, бидејќи се променија и меѓународните околности.“ – кажа Али Ахмети, лидерот на ДУИ и на „Европскиот фронт“, синоќа на собирот во Сарај, Скопско. Ова го јави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“. Остана дилемата: која „Албанија“ тргнал да ја прави Ахмети?! Каква „Албанија“ да прави, по која во мисијата на Ахмети, цел му биле и Косово, а потоа и статусот на Албанците во Македонија?!



Исто така, во Сарај Ахмети кажа: „На 8 мај ќе имаме Референдум, натпревар меѓу нашата програма, меѓу платформата на ‘Европскиот фронт’ за интегрирање во ЕУ и платформата на изолирање на нашиот противник ВМРО ДПМНЕ.“.