Водачот на Хамас Исмаил Ханије е убиен во Иран, објавија во одвоени соопшти палестинската милитантна група Хамас и елитната иранска Револуционерна гарда.



Исламистичката фракција соопшти дека тагува за смртта на Ханије кој, како шѓто велат,е убиен во „предавничкиот ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран“.

„Рано утринава беше погодена резиденцијата на Исмаил Ханије во Техеран, во кој како маченик загина тој и еден од неговите телохранители. Причината се истражува и наскоро ќе биде објавена“, соопшти иранската Револуционерна гарда.

Претходно оваа година, во израелски воздушен напад врз цели од висок профил во Газа беа убиени тројца синови на Ханије.

Израелската војска соопшти дека двајца биле воени оперативци на Хамас, а третиот командант на терористичка ќелија.