Организацијата Жени во црно и други невладини организации синоќа на Плоштадот на Републиката во главниот српски град одржаа перформанс со кој во предвечерјето на одбележувањето на маскарот во босанското градче во 1992. година беше потсетено на невините жртви, на одговорноста, на злочинот. Во време на акцијата “Сребреница 8372” во Белград сериозен набој предизвика присуството на членови на десничарски организации кои го избраа истото место за одржување на нивните собири. Се беше под силно полициско обезбедување и на раб на инцидент, но тој за среќа не се случи
Денеска во месноста Поточари се одбележува 22. годишнината од геноцидот во Сребреница, а според Ќамил Дураковиќ од организацискиот одбор, нема најава за присуство на високи српски претставници како што тоа беше пред две години кога сегашниот претседател на Србија и тогашен примиер Александар Вучиќ беше нападнат и едвај извлечен.






