Десничарските националистички организации на грчката и, од друга страна, на македонската дијаспора, влегоа во финалето на жестока кампања против она што тие стравуваат дека би можело да биде брзо решение за долготрајниот спор околу името на Република Македонија.
Во Грција, кампањата е фокусирана против секое компромисно име за нивниот северен сосед, кој го вклучува и терминот „Македонија“, за кој инсистираат дека е исклучиво грчки.
Македонските десничари, од своја страна, бараат повлекување од разговорите за името спонзорирани од ОН и под медијаторство на Метју Нимиц.
Главен фактор во анти-компромисниот камп во дијаспората е Македонското меѓународно движење за човекови права, ММДЧП, со седиште во Канада.
„Дали сакате да се викате Новомакедонци“,„Северни Македонци“, „Скопјани“, „вардарци“ или едноставно МАКЕДОНЦИ е едно од прашањата на билбордите на улиците низ градовите во Македонија.
Во Грција, „Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“ и некои други движења на дијаспората, објавија протести и започнаа петиција против компромисно име спонзорирано од ОН, кое би го вклучило терминот „Македонија“.
Кампањата, исто така, вклучува и видео-клип во кој се инсистира дека Македонија е неодвоив дел од хеленскиот идентитет повеќе од 3.000 години, истакнувајќи дека „Македонија значи Грција“.
Организаторите велат дека ќе спроведат протести во грчките градови во наредните месеци, на кои ќе се бара од грчкиот премиер Алексис Ципрас да одржи референдум за употребата на терминот „Македонија“ од соседната земја.
кои други движења на дијаспората, објавија протести и започнаа петиција против компромисното име спонзорирано од ОН, кое би го вклучило терминот “Македонија”.
Кампањата, исто така, вклучува и клип кој инсистира дека Македонија е неопходен дел од хеленскиот идентитет повеќе од 3.000 години, истакнувајќи дека “Македонија значи Грција”.
Организаторите велат дека ќе спроведат протести во грчките градови во наредните месеци, барајќи од грчкиот премиер Алексис Ципрас да одржи референдум за употребата на терминот “Македонија” од соседната земја.





