Ова деновиве го соопшти украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко за украински медиуми, според кој месечните трошоци на земјата се над 4 милијарди долари.
Според него тоа е клучната причина поради која со секојдневните воени дејствија буџетскиот дефицит на Украина, од почетокот на годинава, е зголемен за 12,2 милијарди долари, пренесува „Фактор“.
Украина во целост зависи од донации и поддршка на западни партнери и тоа е општо познат факт.
Економијата на земјата е директно изложена на разорните воени дејствија од руската агресија и во голема мерка интензитетот на економски активности е многу намален. Во голема мерка е загрозена и тешко функционална енергетската инфраструктура на Украина.
Како последица на воената состојба во која се наоѓа земјата од февруари 2022 година до сега, по рапидниот раст, украинскиот надворешен долг веќе надмина 100 милијарди долари.
Според јавно достапни податоци на ММФ внатрешната изложеност (односно обврските) на украинската држава кон нејзините граѓани надминува 40 милијарди долари.
Пред два месеци интернационалната компанија „Фич“ (Fitch) во својата бонитетна проценка дополнително го намали кредитниот рејтинг на Украина. Досега нејзиниот рејтинг беше ЦЦ (CC) ознака која укажува на постоење изгледна веројатност од банкрот.
Сега во најновата проценка кредитниот рејтинг на Украина е Ц (СС) што во слободен превод значи дека банкротот е неизбежен, пишува „Фактор“.






