Германскиот голман Андреас Волф не може да го прежали последниот нереализиран напад за победа над Македонија во синоќешното последно коло од групата Ц на Европското првенство за ракометари во Хрватска, но ја пофали играта на Македонците.
„Знаевме дека тоа ќе биде тежок натпревар, бидејќи нашите противници играат навистина паметно. Тие ни покажаа колку добри можат да бидат“, изјави чуварот на германската мрежа, кој им одбрани седум удари на „црвено-жолтите“.
„Жалам што не победивме. Не ми се верува дека не освоивме два бода поради тоа глупаво додавање на крајот“, додаде Волф.





