Германскиот репрезентативен голман од Кил, Андреас Волф ќе му стане соиграч на Дејан Манасков во Веспрем, а за овој трансфер Унгарците ќе му платат рекордни 2,6 милиони евра.
Веспрем има големи амбиции со новиот тренер Љубомир Врањеш и по секоја цена сака да стигне до првата европска титула, а за таа цел инсистира да го има одличниот Волф на голот, кој, пак, не е задоволен поради тоа што мора да ја дели минутажата со Никлас Ландин во Кил.
Ако трансферот биде реализиран, Волф ќе го собори рекордот на Никола Карабатиќ кој за 1,8 милиони евра од Барселона замина во ПСЖ. Истовремено, германскиот голман ќе добива и рекордна годишна плата од 700.000 евра.





