Главниот град на мојата чудесна земја има нешто што ниедна друга метропола го нема – вистинска планина на само 2 километри од центарот.
Водно за Скопјани e вакцина против тоталното одродување од природата. Кон него се вперува поглед за да се процени дали утре ќе врне или пак, ќе биде пекол, до каде сме со загадувањето, дали дојде пролетта…
Водно е ангел чувар, психолог и белите дробови на Скопје.
Водно е средновисока планина сместена во јужниот дел на Скопската котлина. Водно има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпрометното место во земјата, градот Скопје.

Највисоката точка на Водно е врвот Крсовар, висок 1066 м. каде се наоѓа колосалниот Милениумски Крст. До крстот сообраќа кабинска жицарница која го носи неговото име.
Водно денес и покрај тоа што е значаен туристички центар има мала посетеност на туристи и туристичко-угостителски објекти.

Милениумскиот крст се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје. Изграден е во 2002. година. Со 66 метри височина, тој е една од највисоките градби во Македонија. Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.





