Последиците од претерано изложување на очите на силното сонце се појавуваат многу години потоа и затоа треба секогаш да мислиме на очите. Интензивното изложување на сончевите зраци може да доведе до изгореници на спојницата на очите (конјуктива) и рожницата, кои од топлината можат да се исушат, да почнат да се лупат и силно да болат. Во такви околности окото е во грч и не може да се отвори. Таквата состојба, за среќа, со мирување и капки за очи поминува за ден-два. Но, сончевите зраци можат неповратно да ја оштетат внатрешноста на очите, леќата и очната позадина. За тоа не сме свесни бидејќи оштетувањата во внатрешноста на окото не доведуваат до болка.

Кај кого може да се јави синдромот „суво око“ и која е причината?
Синдромот суво око може да се јави кај секој човек, но под најголем ризик се луѓето постари од 50 години. Иако оваа состојба почесто се јавува кај жените, често ги зафаќа и мажите.
Посетете офталмолог!

Многу е мал процентот на луѓето кои бараат медицинска помош за проблемите со своите очи. Најчести проблеми кои се јавуваат кај луѓето се токму иритациите кои се предизвикани од предолгото седење пред компјутер. Луѓето често го занемаруваат овој проблем, а не се свесни до што може да доведе.
Најчестото прашање кое пациентите го поставуваат на својот офталмолог е како да го сочуваат нивниот вид. Тука важат правилата, како и за сите работи во животот. Треба да го слушате здравиот разум. Потребни се редовни годишни прегледи кај офталмолог. Здравите навики кои се добри за целиот организам, важат и за очите. Особено прошетките низ природата, каде погледот нема крај.





