„Ако визијата е милијардери да станат десеттина луѓе од раководството и милионери, уште стотина тогаш треба да ја патентираат визијата. Ако визијата е да ги срушат институциите од внатре и да ги пљачкаат злоупотребувајќи ја власта моќта и довербата на нивните гласачи, тогаш јака им е визијата’.
Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на портпаролот на ДУИ Арбр Адеми дека тие се визионерски потврдена политичка партија која секогаш се залага за добро на граѓаните и ќе продолжат со истите политики кои носат подобро утро за сите граѓани.
Адеми вчера порача дека ќе ги искористат сите демократски механизми што им се на располагање за да се санкционира, да се почитува волјата на граѓаните изразена на слободни и демократски избори но одби да одговори дали на седницата на партиското централно претседателство закажана за вчера ќе се разговара за излегување на протест наесен.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден а дека изјавата на Арбр Адеми е трагикомична и може да послужи како пример на отсутен политичар.
„Ако визијата на ДУИ е да се иселат над 150 илјади Албанци од државава колку што се иселени изминативе 20 години додека ДУИ е на власт тогаш јака визија имаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






