„Претседателот на СДС Венко Филипче по објавување на информациите дека како министер за здравство во анкетниот лист сокрил станови се уште молчи. Филипче молчи и натаму 48 часа откако беа објавени фактите.“ – реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче пет стана не пријавил како министер, а сега како пратеник ги пријавува, иако ги имал кога станал и министер. Анкетните листови на Филипче од 2018 година и 2024 година, кажуваат едноставна работа: имотот, кој го поседува сега, е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер. Имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а нема ниту информации за приходи од продажба. Недвижниот имот на Филипче пријавен во 2018, а сега го нема, вреди повеќе од 600 илјади евра. Недвижниот имот пријавен во 2024 година, а стекнат пред 2018 година тежи повеќе од 700 илјади евра. Ако се собере, целиот имот на Филипче чини околу 1.3 милиони евра.“ – посочува во своето соопштение ВМРО ДПМНЕ.
Владејачката македонска партија нагласува: Ова отвора многу дилеми и прашања. Зошто Филипче не пријавувал имот, кој го поседувал како министер? Зошто тој имот го пријавува како пратеник? Што крие се Филипче? Тој беше министер, сега е претседател на СДС. Надлежните институции не смеат да молчат. Антикорупциската комисија и јавното обвинителство треба час поскоро да реагираат и да ги испитаат информациите.






