“Филипче му е доследен на Заев и во предавствата на Македонија! Дали Филипче е на ист став и линија со Заев, кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а македонскиот и бугарскиот јазик се исти?“ – истакнува во својата реакција владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.
Натаму ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение посочува: Додека Филипче тврди дека и во опозиција останува доследен на вредностите на социјалната правда да го потсетиме Филипче дека единствена доследност, послушност и континуитет на СДС е следењето на политиките на Заев кои ја уништија и уназадија Македонија. Дали и Венко Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а македонскиот и бугарскиот јазик се исти?
Филипче е доследен на Заев и во предавствата, нема значаен настан и момент во историјата, а СДС да не ги поткопа државните интереси и да го наруши достоинството на народот. СДС отсекогаш во историјата била на погрешната страна на настаните. СДС никогаш немала црвени линии кога станува збор за државните интереси. Нема значаен настан и датум во македонската историјата а СДС да не ги поткопа националните интереси и да го нарушила достоинството на македонскиот народ.
Предавствата, виткањето грбник и коленичењето се синоним за СДС, додека малкумина блиски до врхушката на СДС преку ноќ дебело профитирааат. Попустливоста и предавството се синоними и за Филипче, кој е бледа копија и чувар на столчето на Заев во СДС. Заев им даде инструмент во рацете на Бугарија за континуирана блокада и можност за вето. Филипче на иста линија тврди и по цена на политичката кариера се залага за Бугарите во Устав. За Филипче, Заев и СДС нема црвени линии, има само користољубив интерес.
Филипче исто како и Заев е попустлив и витка грбник во однос на уставните измени и внесување на Бугарите во уставот. На Филипче не му е важно достоинството на македонските граѓани и државата. Единствено нешто за што се грижи Филипче е спроведување на насоките на Заев и тоа како да дојде на власт со цел повторно да местат тендери во четири очи и фамилијарните бизниси да течат. Но, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за националните интереси и достоинството на македонскиот народ.
СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал. – порачува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.






