„Продолжената рака на Заев Филипче е човек со криминален багаж зад него, исто како Заев! Филипче е завршена приказна за Македонија!“ – реагираше владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.
Во своето соопштение натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Филипче е човек со голем број на афери, кои се поврзани со него. Тој беше член на Владата и не одговараше за модуларната болница, за провизиите од вакцините, за Онкологија и други афери.
Филипче е дел од системот, кој го уништуваше здравството изминатите години, богатејќи се врз грбот на граѓаните. Тој е човек, кој нема кредибилитет да биде политички лидер и е потрчко на неговиот ментор Зоран Заев. Филипче прави како што ќе каже Заев и тоа е се што треба да знаете за него.
Филипче не може да понуди ништо ново на политичката сцена, нема решенија на проблемите, кои тој и Заев ги создадоа во Македонија. Тој има политика на уништување на стандардот за живеење во Македонија.
Филипче е синоним за корупција и криминал. Тој е завршена приказна за Македонија!






