ВМРО ДПМНЕ: Филипче го фалеше денес Заев, покажа дека му е продолжена рака и чувар на неговата фотелја!

„Венко Филипче на отворена сцена денес го фалеше Зоран Заев, се покажа дека е чувар на фотелја!“ – реагира владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.

Натаму во своето соопштение ВМРО ДПМНЕ истакнува: Со други зборови Филипче тој кажа дека народот треба да биде благодарен што Заев ја водеше државава, што го смени името, што ја упропасти економијата, што СДС стана безгласна буква преку ДУИ, Артан и Ахмети. Венко Филипче не чувствувал одговорност за модуларната болница и рече дека понудил оставка, а не кажа оти заеднички со Заев одлучија да продолжи да биде министер за здравство и оставката беше само блеф, кој народот не ја проголта.

Венко Филипче е продолжение на црнилата, криминалот, предавствата и поразите на Зоран Заев. Тој нема никаков кредибилитет. Тој е само чувар на фотелјата и продолжена рака на Зоран Заев. – нагласи ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.