ВМРО ДПМНЕ: Судскиот совет постави судија на ДУИ за претседател на Врховен суд! Бандитските спреги ДУИ-СДС се главни во судско-обвинителските кругови!

„Судскиот совет, кого СДС го брани, постави судија на ДУИ за претседател на Врховниот суд. Како може да има ефективна борба против корупцијата кога бандитските спреги на ДУИ и СДС се главни во судско – обвинителските кругови?“ – реагира владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.



ВМРО ДПМНЕ натаму истакнува: До каде оди измеќарството на СДС кон ДУИ и дали е криминал во прашање, преку што цел врв на СДС е заложник на ДУИ и прави што ДУИ ќе посака? Борбата на СДС е борба за криминалните структури во судството, кои се под нивна капа, а имаат за цел да ги спасуваат во кривична постапка ним блиските.

СДС се нервозни во нападите кон ВМРО-ДПМНЕ, затоа што објавивме војна против криминалците на сите инстанци, па и тие во правосудството. СДС се навикнати на судии како Наќе Георгиев, Илија Трпков, Даниела Алексовска Стојановска и обвинители како Иџет Мемети. Затоа е борбата, за заштита на таквите како нив, кои исполнуваат нарачки. – соопшти ВМРО ДПМНЕ