„Ако Орданоски го кршеше ледот, Пендаровски сега јасно кажува дека СДС е против САД“, велат од ВМРО-ДПМНЕ со оценка дека екс-шефот на државата и СДСМ со директните навреди кон Трамп и САД, дефинитивно го напуштиле прозападниот курс.
„Сега станува јасно дека СДС лажно се претставувале како прозападни, а со нетрпение чекале момент да свртат курс.
Пендаровски не е било кој од СДС, неговиот став во исто време ја покажува и фрустрацијата на оваа партија кон ВМРО-ДПМНЕ и успешноста со која Владата се позиционираше до САД.
Македонија со Владата на ВМРО-ДПМНЕ е верен партнер на САД, а придобивките за државата допрва ќе се гледаат.
Македонија е на вистинскиот пат, а СДС како и секогаш до сега е против Македонија“, се вели во денешното партиско соопштение.
Ордановски во жесток напад на владата на САД: Трамп лажго, Венс граничен неонацист, Маск расист





