Во првите 100 дена имаме многу амбициозна агенда за која што веќе се подготвувавме, но не сакавме да ја експлоатираме во кампањата. Денеска веќе кога сè е завршено, можам да кажам дека веќе е завршена една сериозна странска инвестиција која што е отпочната во делот на енергетиката, без посебни закони, без загарантирана цена на откуп, без повластици, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Оваа е инвестиција меѓу 400 и 500 милиони евра која што ќе произведува некаде од прилика, околу 1 терават часови електрична енергија годишно и која што ќе се случи во Македонија. И тоа ќе биде објавено во првите 100 дена – вел Мицкоски во емисијата Само интервју на Канал 5.






