„СДС и Филипче да не бидат дволични, поднесувањето закон за Кочани е како Филипче да поднесе закон за Модуларната болница а Заев за враќање на името.“ – порачува владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.
ВМРО ДПМНЕ истакнува: СДС и Филипче се синоним за лицемерие и дволичност. Тие со години ја уназадуваа и уништуваа државата. На лицемерието и дволичноста на СДС и Филипче им нема крај. Тие се обидуваат да ја политизираат и трагедијата во Кочани.
Поднесувањето на закон за настраданите од Кочани е исто како СДС да поднесе измени на закон за потекло на имот, Филипче за модуларната болница, а Заев за враќањето на името. СДС да не ја политизира трагедијата во Кочани и да не се обидува преку трагедијата да добие политички поени плус.
Граѓаните ја препознаа вистината за СДС и нивниот начин на владеење со кој ја опустошија, испокрадоа и уназадија државата. СДС се синоним за неспособност, предавства и криминал. – наведува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение






