ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ се против обвинителите, што сами ги поставија и се обидуваат да печалат политички поени од несреќите!

„Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија, а ВМРО-ДПМНЕ е да има истрага за се наместо од несреќата да се печалат политички поени“ – нагласува владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите, кои сами ги поставија, и поради кои судството и обвинителството има сега доверба под 2 отсто. Нелогично е што СДС и ДУИ сега се бунтуваат против истрагата, а на позиции во основното јавно обвинителство се Гаврил Бубевски, Љупчо Коцевски и Ислам Абази, од прв до последен кадри на СДСМ и ДУИ.

Како немаа СДС и ДУИ желба за анкетна комисија за модуларната болница, за несреќата во Ласкарци, за Беса транс и Дурмо Турс, за тендерите на Стабри и профитерството на Венко Филипче? Ние сме да има истрага за сето ова, наместо да се обидуваат да печалат политички поени од несреќата.