ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ преку нивни корумпирани судии и обвинители ги штитат мазут-мафијата и криминалот „тежок“ 167 милиони евра!

„СДС и ДУИ преку нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра!“ – обвинува владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.



ВМРО ДПМНЕ истакнува: Судиите и обвинителите, избрани во Зајас и Струмица, штитат криминалци. Судиите избрани во Мала Речица ги штитат бизнис-интересите на Али Ахмети и Заев. Доказ за тоа е и Асмир Јахоски, кој излезе од притвор со гаранција во вид на стан на фирма, која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети. Газдата на Пуцко Петрол излезе од притвор, а за Апелација гаранција се 2 милиони евра. Јахоски е син на пратеник од ДУИ, со уште 13 лица е осомничен за злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут, со кој го загадувале воздухот.

Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити, како Јахоски, поради користољубиви причини, провизии и бизнис-зделки, го труеле народот со канцероген мазут поради екстра-профит и направиле огромен криминал. Корумпираните судии и обвинители работат по насока на СДС и ДУИ и ги штитат  нивните блиски бизнис-партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно. Спрегата меѓу правосудството, СДС и ДУИ мора да заврши, корумпираните судии мора да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат.

Времето на криминалци во политиката заврши. – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

.