Синот на Ѓорге Иванов и сопругата на Богдан Илевски не се назначени за надзор во МЕПСО, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.



„СДСМ тотално забегале. Кој вака ја излизга Богданка Кузеска да држи прес конференција и да шири лажни вести.

Во недостиг на сериозни аргументи, СДСМ продолжува да ја труе јавноста со дезинформации.

Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска се назначени за надзор во МЕПСО.

Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски.

Прес конференциите на Кузеска се комедија за народот. Ја советуваме Кузеска да внимава на своите сопартијци, повеќе од јасно е дека некој внатре од партијата ја мести“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.