ВМРО – ДПМНЕ свесно влегува во фракционерство

Најголемата партија во Собранието со 51 пратеник поднела информација со која спикерот Талат Џафери го информира дека ќе формира 10 пратенички групи.



Според дописот ВМРО-ДПМНЕ ќе има девет од групите ќе имаат по пет, а една ќе биде со 6 члена.

Партијата со тоа го користи деловничкото право за повеќе пратенички групи за поголемо учество во дискусиите и  зголемена можност да се блокираат законите во Собранието.

Според деловникот  координаторот на пратеничката група да говори 15 минути и да се јави за процедурални забелешки од три минути.

Сето тоа помножено со 10 значи дека за секое прашање и член во законите ВМРО -ДПМНЕ ќе може да одземе 3 часа од секој работен ден на собраниските седници.